Информации за испорака

Ценети потрошувачи!

Испораката на вашите нарачки се врши преку нашите дистрибутивни партнери и истата се врши до секое населено место во Република Македонија.

ЦЕНАТА ЗА ИСПОРАКА е 90 денари за вкупна нарачка до 1.990 денари, а за нарачките кои ја надминуваат сумата од 1.990 денари, ИСПОРАКАТА Е БЕСПЛАТНА.

Доставата на производот се врши во рок од 24-72 часа од нарачката секој работен ден вклучително и сабота, а производот ќе ви биде доставен до претставништвото на карго превозникот, каде е адресирана испораката.

Доставата не се врши само во недела и во денови кои се прогласени за неработни (државни и верски празници).

Други информации

Секоја ваша нарачка пред да биде испорачана е уредно и безбедно спакувана за да не може да дојде до оштетување на истата. Нарачателот е должен да го провери производот веднаш откако ќе му биде доставен и доколку увиди било каков недостаток или оштетување на истиот должен е веднаш да пријави на лицето кое ја доставило пратката.

Сите пратки се осигурени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса согласно законот за поштенски услуги. При преземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише испратницата од доставувачот и да задржи еден примерок од истата како потврда за реализираното преземање.

Доколку имате потреба од повеќе информации слободно контактирајте не на +38971339154 или на email info@mtdgradina.mk