МТД Градина Блог

25 помалку познати факти за виното

Виното е комплексен пијалок на кој му требаат години да ја достигне својата совршена состојба. Позади секое шише вино се крие цел еден свет на наука, историја, а и вистина.

Во прилог, неколку интересни факти за тој „божествен пијалок“. 🙂

1.Виното како чувар на здравјето

Како што е општо познато, црвеното вино има исклучително позитивно влијание на здравјето и во голема мера го намалува ризикот од срцев удар. Дополнително, истражувањата покажуваат дека мажите и жените кои умерено конзумираат вино имаат значително помали шанси за развивање на дијабетес тип 2.

2. Виното извор на антиоксиданси

За го внесеш истото количество на антиоксиданси кои што може да се најдат во виното, треба да испиеш 20 чаши јаболков сок или 7 чаши сок од портокал.

3. Жените се вообичаено помалку толерантни од мажите кога станува збор за алкохолот.

Оваа намалена толерантност на алкохол кај жените нема никаква врска со телесната тежина и градба. Доколку маж и жена со иста градба испијат исто количество на вино, концентрацијата на алкохол во крвта кај жената ќе биде поголема, поради недостатокот на потребниот ензим алкохолот многу побрзо се апсорбира во крвта на жените. Оттаму и побрзо ја губат координацијата и умот. 😊 Но, од друга страна пак, жените се подобри дегустатори на вино, затоа што имаат способност да идентификуваат поширок спектар на мириси, особено во репродуктивниот период.

4. Верувал или не, навистина постои страв од вино кој се вика енофобија (oenophobia)!

Енофобијата е ментално нарушување кога човек има ирационален, парализирачки страв од вино, кој се манифестира со тремор, респираторни потешкотии или гадење. Доколку ти не се соочуваш со ваков проблем, слободно продолжи совесно да уживаш во овој божествен пијалок. 🙂

5. Таткото на медицината Хипократ (460-370 г.п.н.е) го користел виното како лек.

Хипократ го користел виното како средство за смалување на телесната температура и како антисептик, често давајќи им од овој пијалак на немоќните пациенти за олеснување на болките.

6. Виното е откриено пред околу 6.000 години на Блискиот Исток

Најраните остатоци од вино се откриени во Иран кои датираат од неолиотот (8500-4000 п.н.е). Најстарите докази за одгледување на лозја пронајдени се во Грузија. Се претпоставува дека овој пијалок првобитно настанал ферментирајќи по грешка.

7. Во една од првите збирки на закони-Кодексот на Хамураби има и одредби за виното

Хамурабиевиот законик (1760 г.п.н.е.) содржи одредби според кои лажните продавачи на вино се казнуваат со смрт.

8. За виното кое што го конзумираме денес треба да им се заблагодариме на монасите.

Во Средниот век токму монасите се оние кои ја сочувале и развиле уметноста на производството на вино. Благодарение на нивното истражување и неуморни напори денес ја имаме  разработената техника за производство на вино. Шампањот „Дом Перињон“ го има добиено името по монахот Dom Pierre Pérignon (1638-1715) чии што техники и пракса и ден денес се користат.

9. Во Јапонија се продава чоколадо со вино.

„Kit Kat Wine“ содржи 0,12 % алкохол- француско црвено вино во прав во филот, што му дава виолетова нијанса на белото чоколадо. Штета што истото е недостапно кај нас. :/

10. Бесплатни вински фонтани

Вљубениците во виното можат да уживаат во бесплатната винска фонтана во Абруцо, Италија.

Големото буре кое постојано се дополнува ја прави оваа фонтана привлечно место за починка на секој добронамерен минувач. Бројот на туристи и аџии е огромен, затоа што фонтанта е поставена на патот кој води кон катедралата во која се чуваат моштите на Светиот апостол Тома. Оваа фонтана е инспирирана од една слична фонтана која се вика Камино де Сантијаго во Шпанија.

11. Хоризонтална поставеност на шишињата со вино

Најдобро е шишињата со вино да се складираат хоризонтално за да се избегне сушењето и ронењето на тапата која може да испадне во внатрешноста на шишето и да го уништи квалитетот и вкусот на виното.

12. Кој се сетил на зелената боја на шишињата?

Препознатливата зелена боја на шишињата за црвено вино е англиски изум од страна на Sir Kenelm Digby (1603-1665). Претходно, виното се чувало во бочви направени од животинска кожа.

13. Зошто чашата за вино се држи за продолжената дршка?

Чашата за вино има продолжена дршка и треба да се држи токму таму, со цел да се избегне затоплување на виното, што во голема мера влијае и на самиот вкус на виното при дегустација.

14.  Изразот „Toast“ (здравица) потекнува од антички Рим.

Имено, Римјаните практикувале да ставаат парче печен леб-тост во чашата за да го ублажат киселиот вкус на виното.

15. Во античкиот Рим на жените не им било дозволено да пијат вино

Доколку мажот ја видел својата жена како пие вино, тој имал слобода да ја убие, бидејќи пиењето вино на жените им било најстрого забрането.

16. Виното како средство за размена

Во античкиот свет виното се користело како легална и универзална валута со која се купувало благородни метали, робови и сл.

17. „Наздравувањето“ започнало во Средниот век

Во овој период бил широко застапен трендот на труење, како начин на елиминирање на непријателот. Со цел да ги убеди гостите дека виното не е затруено, домаќинот бил приморан да ја испие првата голтка и да наздрави. 🙂

18. Најстарата винарска визба во светот

Во остатоците од потонатиот Титаник, нуркачите пронашле винарска визба, а за чудо мноштвото од шишињата биле неоштетени.

19. Виното во Светото Писмо

Во Светото Писмо, Стариот завет, виното е многу застапено. Единствено во книгата на Светиот пророк Јона не се споменува виното.

20. Водечки производители на вино

Најголемите производители на вино (црвено и бело) се Франција, Италија, Шпанија и Калифорнија.

21. Производството на црвено вино во Кина рапидно расте

Кина постанува лидер на пазарот за црвено вино, но не само поради неговиот вкус, туку токму поради црвената боја која што е фаворизирана од владата и се смета за „боја која што носи среќа“.

22. Одгледувањето на винова лоза е процес кој изискува многу труд, знаење и трпение

Од посадувањето до бербата на грозјето вообичаено минуваат 4-5 години.

23. Количината на шеќер во виното зависи од сортата.

Слаткото вино содржи повеќе шеќер од една чаша суво бело вино. Во просек, виното содржи најмногу вода (800-900 g. на литар), алкохол (90-150 g. на литар) и шеќер (5-30 g. на литар).

24. Змиско вино

Во Виетнам, Тајланд и Кина се продава „змиското вино“ кое што во суштина е вино направено од ориз, а во шишињата се ставаат змии. Виното е безбедно за конзумирање и е прочуено по своите лековити својства, но змија отровница во тегла со алкохол е дефинитивно вистински предизвик само за најхрабрите! 🙂

25. Вино произведено на јужната полутопка v.s вино од северната полутопка

Бербата на грозјето на јужната полутопка се одвива во период кога на северната полутопка е пролет, затоа австралиското вино од 2010 може да биде 6 месеци постаро од 2010.