Бензински мотокултиватори

Залиха

MF52 Бензински мотокултиватор

Шифра: 4851

Нема на залиха

Original price was: 8.990 ден.Current price is: 7.500 ден.

WM 500 KM Бензински мотокултиватор

Шифра: 6248

Нема на залиха

Original price was: 28.900 ден.Current price is: 25.990 ден.

MIGLIORI 500 СЕТ Бензински мотокултиватор

Шифра: 4769

На залиха

Original price was: 29.900 ден.Current price is: 26.900 ден.

🗓️ КОГА СЕ ФРЕЗИРА ПОЧВАТА?
Според експертите, најдобро е да се фрезира почвата на есен. Велат дека ова годишно време овозможува почвата „да легне“ односно полесно да се адаптира за зимата која надоаѓа. Во тек на зимата, органските материи се разградуваат и делуваат како храна за идните растенија. До пролет, почвата го добива квалитетот потребен за отпочнување на сеидба на вашите култури.
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ОБРАБОТКА...
Пред да почнете со обработка на почвата - треба да се осигурате дека почвата е релативно сува. Лесен начин да проверите дали почвата е доволно сува е да ја стиснете со рака и ќе видите дали притоа таа лесно се распаѓа.
Важно е да се исчисти горниот слој на почвата од плевел пред да се ора. Ако ја обработувате почвата на есен, не е неопходно да го отстраните плевелот и паднатите лисја од земјата, бидејќи тие за време на студениот и влажен зимски период ќе почнат да се распѓаат и ќе и дадат на почвата доволни количини азот кој е добредојден за културите да дадат изобилен род. Наспроти тоа, доколку решите да фрезирате на пролет - убаво исчистете го горниот слој на почвата, затоа што самиот плевел кој бил иситнет при фрезирањето може повторно да се појави на површината со зголемувањето на температурите.