Showing all 5 results
Филтрирајте по брендови
Филтрирајте по цена
Категории
- Градинарска програма
- Сеалки и садилки
- Опрема за одржување градини
- Опрема за наводнување
- Косилки за трева
- Косилките не работат без:
- Тримери за трева
- Аератори-Вертикутери за трева
- Дробилки за гранки и компостери
- За во дворот
- Батериски алатки
- Маици
- Земјоделска програма
- Програма за лозарство
- Програма за домаќинство
- Ладење и греење
- Летна програма
- Зимска програма
- Резервни делови
- За електрични дробилки
- За ножици за гранки
- За базени
- За мотори
- За пили
- За тримери
- За косилки
- Сите делови
- Масла
- За мотокултиватори
- Ножеви - Држачи за ножеви
- Делови за A и D тип на косилка
- Алтернатори
- Тркала
- Филтри за мотокултиватори
- Стартери - Рачки - Полуги за гас
- Карбуратор за мотокултиватор
- Лагери - Семеринзи - Заптивки
- Делови за менувач
- Каиши, ременици и затегнувачи
- Делови за мотор
- Останати делови
- Метални тркала
- Приклучни делови
- За пумпи за преточување и филтри за вино
Дизел мотокултиватори
🍀 ОБРАБОТКА НА ПОЧВАТА ВО 9 ЧЕКОРИ
1.Започнете со тоа што убаво ќе ја исчистите почвата. Проверете и отстранете било каков отпадок, гранки и камења пред да започнете со фрезирање. Ако планирате да фрезирате веќе постоечка градина, ќе треба да ја отстраните било која дебела вегетација (подебели тревки и грмушки) затоа што истите можат само да се вплеткаат во запците на фрезата и да предизвикаат оштетување на машината. Нема потреба од отстранување на ситни тревки, затоа што машината е доволно моќна истите да ги иситни и уништи.
2.Одлучете која длабочина ви е потребна и подесете ја фрезата на посакуваното ниво. Кога почвата е прилично сува и натапкана, би било пожелно да се започне со плитко фрезирање на горниот слој на почвата. Од друга страна, за помека почва, погодно е подлабоко да се навлезе со фрезата.
3.Наполнете го резервоарот на мотокултиваторот со соодветното гориво
4.Потоа започнете со работа. Вклучете ги запците на фрезата. Потоа, полека и сигурно, поминете неколку пати паралелно низ вашиота градина. Некои производители препорачуваат прави и преклопни премини (во форма на тараба #). Во некои случаи, треба да се следат одредени шеми и модели на фрезирање дадени во упатството, за да се добијат оптимални резултати од фрезирањето со конкретниот модел.
5.Откако веќе еднаш површно ја исфрезиравте посакуваната површина, можете запците од фрезата да ги поставите најдлабоко во почвата и да ја исфрезирате во паралелни линии. Откако ќе ги поминете сите овие фази, фрезата станува полесна за користење. На вас останува само бавно да одите зад фрезата и да ја контролирате насоката.
6.Фрезирајте ја почвата додека не се измеша секоја органска материја со самата почва. За да се постигнат добри резултати, почвата треба да биде исфрезирана до длабочина од минимум 20 сантиметри. Потоа, оставете неколку дена органските материи и ѓубрива да се впијат во почвата, со што самата почва ќе биде збогатена. Потоа продолжете понатаму...
7. Поставете ја фрезата на средна длабочина и оставете простор за аерација на почвата со тоа што неколку пати ќе поминете напред-назад со фрезата. Со ова ќе овозможите подобро мешање на хранливите материи кои и се потребни на почвата. 8. Крајното поминување со фрезата треба да е и најдлабоко. Имајте на ум дека не треба да ја натапкате земјата. На земјата не и треба прекумерно обработување. Напротив, прекумерната обработка доведува само до натапкување на земјата и несакани ефекти.
9.Откако ќе завршите со фрезирање задолжително исчистете го мотокултиваторот. Добар начин за одржување на фрезата и продолжување на нејзиниот живот – е темелно да се чистат запците после секоја употреба. Со оваа постапка, ќе се осигурате дека нема заглавена трева или растенија во запците. Со лесно!


