7 ВОЛШЕБНИ ЛЕКЦИИ ЗА ЖИВОТОТ КОИ МОЖЕ ДА ГИ НАУЧИМЕ ОД РАСТЕНИЈАТА
Растенијата се прекрасен медиум преку кој можеме да научиме некои вредни лекции за животот…
- Растенијата не си поставуваат никакви граници за себе
Билките растат онолку колку што е можно. Никогаш не си велат: „Ќе престанам да растам, откако ќе стигнам до одредена висина”. Кога имаме ограничувачки верувања за себе, тоа го попречува нашиот потенцијал. Како што Хенри Форд еднаш рекол: „Без разлика дали мислите дека можете или мислите дека не можете, вие сте во право”.

И покрај тоа што може да биде здраво да ги знаете сопствените ограничувања, исто така е здраво да се ослободиме од инхибирачките мисли. Заслужувате да напредувате!
- Растенијата дозволуваат нивните борби да ги зацврстат
Како реагира дрвото кога е оставено само, изложено на сите временски прилики и неприлики? Тоа едноставно ги зацврстува своите темели, развивајќи подебели корени и стебла. Резултатот е дека дрвото станува посилно и поцврсто споредено со она што е заштитено од бурното време.

Како што напиша Наполеон Хил, „Силата и растот доаѓаат само преку постојани напори и борба”. Никој од нас не е имун од предизвикувачки времиња. Меѓутоа, можеме да бидеме охрабрени дека борбите имаат потенцијал да не засилат.
3.Растенијата се вртат кон сонцето
Растенијата не се фокусираат на плевелите и предаторите околу нив. Наместо тоа, тие неуморно го вртат лицето кон сонцето. Тие безгрижно се капат во сончевите зраци, додека се концентрираат на нивната примарна цел: растење.

Винстон Черчил славно изјавил: „Никогаш нема да стигнете до вашата дестинација ако застанувате и фрлате камења на секое куче што лае“. Колку е само вистинита оваа изјава! Иако е добро да се биде свесен за потенцијалните стапици во животот, важно е да не се расејуваме со работи што само ќе нè обесхрабрат и ќе не отргнат од нашата примарна цел.
4. Растенијата се прилагодливи
Растенијата имаат можност да се прилагодат на сезонските промени и тоа им помага да напредуваат. Тие го прифаќаат предизвикот пред нив и соодветно се прилагодуваат.

Една од животните вистини е дека околностите постојано се менуваат. Кога сме нефлексибилни, нашата благосостојба страда. Меѓутоа, честопати се наоѓа мир, кога прифаќаме дека има некои работи што не можеме да ги промениме и ние одлучуваме да продолжиме да уживаме во животот без оглед на сите згоди и незгоди кои се случуваат…
5. Растенијата додаваат вредност на животите на другите луѓе
Со едноставното постоење, растенијата им овозможуваат на луѓето толку многу придобивки, како што се исхраната, заздравувањето, филтрирањето на воздухот, олеснувањето на стресот, па дури и овозможуваат и засолниште за нас.

А што и колку правиме ние за да додадеме вредност во животите на оние околу нас? Не е потребно многу за да се подобри денот на некој друг. Само насмевка и охрабрувачки збор на поддршка, може да бидат „поволен ветар во грбот“, додека „пловиме по водите на животот“. Понекогаш, само да се биде присутен во нечиј живот, може некому да значи сé на светот.
- Растенијата се задоволни со самите себеси
Растенијата немаат потреба од потврда од другите растенија за да бидат тие што се, не се споредуваат меѓусебно, едноставно само постојат! Тие се спокојни и апсолутно задоволни од целта што им е дадена и секој ден работат кон исполнување на таа цел.

За многу луѓе, препознавањето на нивната цел не е лесна задача. Сепак, откако ќе ја сфатиме нашата цел, можеме да одиме смело да ја извршуваме таа цел. Особено е смирувачко сознанието, дека „цветаме“ токму онака како што треба!
- Растенијата се движат со свое темпо
Растенијата реагираат на светот околу нив, ги восприемаат дразбите од околината, но тие секогаш се движат со свое темпо. Понекогаш, поради нашата нетрпеливост сакаме растенијата да растат побрзо, но на крајот на краиштата тие се оние кои ја диктираат брзината! Никој не може да влијае на природните закони, наше е само да ги прифатиме и сведочиме како секојдневно мало чудо кое се одвива пред нашите очи!

Сите сме единствени и имаме различни потреби, различни навики, околности и очекувања. За жал или пак можеби за среќа, не можеме да ги задоволиме сите. Некои можеби сакаат да ги правите работите поинаку или со различно темпо, но на крајот треба да бидете вистински за самите себе. Важно е да се движите со темпо што ќе ја подобри вашата благосостојба наместо да ја нарушите истата. Да бидеме благодарни за растенијата и за вредните лекции што нè учат. Без разлика дали се одгледуваат во затворено или на отворено, растенијата немо сведочат дека сé во природата е премудро осмислено! Земете длабок здив и опуштете се, затоа што како што вели народната мудрост: „Сé што било поминало и сé што ќе дојде, ќе помине!“