ГРАДИНА НАДВОР vs ГРАДИНА ВНАТРЕ- ДАЛИ НАВИСТИНА ПОСТОИ РАЗЛИКА?
Интересот за градинарство во затворен простор забрзано расте. Можеби тоа има врска со урбаните семејства кои сакаат да растат сопствен зеленчук. Можеби погодностите на градинарството во затворен простор ги привлекуваат градинарите да експериментираат со процесот на одгледување во затворени простории. Дали навистина постои разлика помеѓу растењето на вашата храна во затворени простории и одгледувањето надвор? Всушност, постојат неколку разлики. Еве зошто можеби ќе сакате да ја разгледате можноста за садење вашата градина во затворен простор.
Контрола на климата “Природата знае најдобро” Да, растенијата имаат потреба од многу сончева светлина и вода за да растат, но што се случува кога врне премногу? Или, пак кога воопшто не врне? Може да биде тешко да се контролираат условите за одгледување на отворено, но кога ќе се изгради градина внатре, точно знаете какви се вашите услови за одгледување. Користењето на хидропонски систем ви овозможува да го контролирате количеството вода, светлина и хранливи материи што ги добиваат вашите растенија секоја минута од денот. Растењето зеленчук на масата не само што ги засолнува растенијата од тешките надворешни услови, туку исто така ве заштитува и вас и вашето семејство. Ќе ви треба многу среќа и трпение, при убедувањето на децата да одат надвор во нивните пижами на дожд за да се наберат малку свеж спанаќ за утринскиот омлет, кој имавте намера да го подготвите за појадок. Многу се поголеми шансите да помогнат ако не се приморани да се намократ или дури ако не мораат да ги обујат чевлите. Штетници Ако некогаш сте се имале градина на отворено, тогаш сте запознаени со вечната битка што може да беснее меѓу вас и штетниците кои ги јадат вашите растенија. Глодарите, па дури и птиците, можат да ви бидат ноќна мора, особено ако никогаш не успевате да вкусите од посадените плодови, бидејќи животинките и штетниците први доаѓаат до нив. Може да ги искорените штетниците со хемиски и нехемиски методи, но ако сакате градина, која е лесна за одржување и чиста од пестициди, тогаш ве уверуваме дека тоа е скоро невозможно. И дури иако вие не користите хемиски пестициди на вашите растенија, ако вашите соседи користат, секогаш постои можност хемикалиите што се прскаат да прејдат и на вашата градина. Растенијата во затворената градина не се целосно заштитени. Вашата мачка може да стане вашиот најлош кошмар, но со малку внимание и дресура, ќе се навикнат да ја заобиколуваат. 😊 Простор Ако живеете во урбани средини, може да биде тешко, па дури и невозможно да се најде простор за одгледување градина. Градинарството во контејнери е опција, но само ако имате балкон или двор за одржување на вашите растенија. Недостатокот на отворен простор не е проблем за градината која одлично вирее и во затворен простор. Ова е причината зошто толку многу луѓе кои живеат во станови се одлучуваат да растат билки, па дури и зеленчук во нивните кујни.

Компактната градина со хидропонски систем зафаќа значително помалку простор и со поголема леснотија ќе може да одгледате сопствени вкусни зеленчуци, билки, па дури и овошје. Дури и во малите домови можат да се сместат до десетици растенија кога се одгледуваат вертикално, а употребата на посебни ЛЕД светла значи дека дури и не треба да ги чувате во близина на прозорецот.

Вклучете ги децата Едноставниот хидропонски систем, со контролирана клима, самонаводнување и самоосветлување е идеален за да ги воведете вашите деца во основите на градинарството и да им ги претставите огромните придобивки од поседувањето на сопствена градина. Давајќи им вовед за градинарството во затворен простор, ја поттикнувате нивната љубопитност и развој на желбата за одгледување на поголеми растенија на отворено. Удобност Доколку се занимавате со градинарство за задоволство и растењето на растенијата на отворено е вашето омилено хоби, тогаш со сигурност уживате во терапевтското време поминато во копање на земјата, корнење плевели и наводнување на растенијата. Меѓутоа, ако се занимавате со градинарство за производство на храна, можеби и не уживате толку во сите активности кои тоа ги налага. Особено, ако треба после напорниот работен ден да се грижите дали сте го откорнале плевелот или сте го пуштиле цревото во градината. Кога станува збор за удобноста, градината во затворен простор едноставно е неприкосновен победник! Хидропонската градина во основа изискува нулта напор и има целосно автоматизиран систем, така што можете да го “поставите и да го заборавите.” И вие буквално не мора да ја напуштите куќата за да добиете свежи, органски производи, полесно од кога и да е да јадете здрава, урамнотежена исхрана во текот на целата година. Ако некогаш сте се обиделе да си заминете една недела без да ја наводнувате градината на отворено, апсолутно сте свесни за преземениот ризик. Може да се врати дома и да бидете сведок на сите мртви растенија поради недостатокот на вода. Затворените градини слободно можете да ги оставите подолго време, до неколку недели, без да се грижите за вашите растенија.