МТД Градина Блог

Месец март во градината

Пристигна март, месецот во кој веќе се јавуваат многу обврски во градината. Времето е сеуште променливо и не можете да се потпрете на временската прогноза при планирање на своите градинарски обврски. Сепак, се насетува пристигнувањето на пролетта, се слуша песната на птиците, опива аромата на темјанушките и делува нереален сиот колорит на пролетното цвеќе. Искористете го максимално пријатното мартовско сонце и започнете со целосно чистење на градината. Со гребло се собираат и отстрануваат сите скршени гранчиња кои паднале на земјата, сувиот плевел и сите останати работи кои би пречеле при косењето на тревата.

Гребло, листособирач Ако сеуште не сте ги искроиле овошните дрвца, сега е вистинскиот момент да го направите тоа, бидејќи ако задоцните, дрвцата ќе почнат да губат вредни хранливи материи. Нивниот раст ќе се успори и шансата за квалитетен род драстично ќе се намали. До крајот на март добро е да се посеат и новите садници во градината. Купете ги садниците само од проверени расадници и (ако се со “гол” корен) посадете ги што е можно побрзо откако ќе ги купите, бидејќи тоа ги зголемува шансите растенијата да се фатат. 

Ако имате можност, ви препорачуваме еднен мудар совет за мартовската градина – поставете куќички за птици на соодветно дрво. Поставете и хранилки доколку сте во можност. Со тоа декоративно ќе интервенирате на самата градина и ќе уживате во песната на птиците. Кога ќе се населат птиците таму, ќе имате чудесни биолошки партнери во борбата против дрвните штетници. Гасениците, паразитите и пеперутките се главна храна за птиците.

Препорачливо е да отидете во земјоделска аптека и (по консултација со специјалист) да купите соодветни препарати за рано пролетно прскање на овошките. Земјоделски прскалки

Крајот на март и почетокот на април е најдобро време за садење жива ограда. Доколку планирате да раззелените големо растојание, економски профитабилно е да се купат грмушките директно од расадник и пожелно е да се посее истиот или следниот ден.

За таа цел, мора однапред да го подготвите местото за сеидба со ископување на дупките во права линија со користење на затегнато јаже меѓу крајните точки. По сеидбата, пожелно е темелно да се полеат растенијата и да се покрие почвата со кора од бор или пилевина за да се спречи појава на плевел и да се зачува влагата на почвата. Опрема за наводнување

Во градината во март, пожелно е да ги откриете розите (доколку ви биле прекриени со лисја и почва за време на зимскиот период). Доколку задоцните, пупките веќе почнуваат да се развиваат и при отстранување на зимскиот изолациски слој, веројатно ќе ги оштетите. Задолжително исечете ги сите исушени и оштетени гранки, оставајќи по 5-6 гранки со по 5-6 пупки на една розова грмушка.

Со првиот сончев зрак, излезете во градината и почнете со подготовките за новата сезона…

Дарко Јанчески