Пур пена во спреј UNIVERSAL 600 ml

250 ден

🛠️ PUR Пена UNIVERSAL 600 ml – совршено решение за фиксирање, пополнување и изолација при секојдневната работа!

Обезбедува максимална адхезија на дрво, бетон, малтер, метал, ПВЦ и полистирен ✔️, нуди висока топлотна ❄️ и звучна 🔇 изолација, како и брза и чиста апликација во економично пакување од 600 ml. Водоотпорна е 💧, отпорна на мувла 🍃 и може лесно да се бојадисува 🎨.

SKU: 3180 Категорија
Опис
Примена:

Еднокомпонентната пур пена во спреј е наменета да се користи при монтажа на прозорци и врати, пополнување на разни видови на споеви, пополнување на отвори и пукнатини, исто така и за топлотна и звучна изолација. Го намалува влијанието на термичките мостови.

Добро се прилепува на повеќето градежни материјали како што се дрво, бетон, камен, малтер, гипс, метал, ПВЦ и полистирен.

Карактеристики:

Отпорност на вода, топлина и ниски температури, различни видови на хемикалии. Многу низок притисок при стврднување и умерена постекспанзија спречуваат деформација на градежните елементи. Не е отпорна на УВ зрачење. Не лепи замастени и замаслени површини, PTFE, PE и PP. Се нанесува со адаптерот кој доаѓа со боцата.

Употреба:

Пред употреба, подлогата треба да биде влажна, но не смее да биде замрзната. Пакувањето пур пена треба да биде најмалку 1 час на иста температура каде што е местото каде што треба да се користи и на тој начин би се изедначиле температурите пред употреба. Силно протресете ја боцата најмалку 30 пати. Отстранете го капачето и навртете го адаптерот. Држете ја боцата наопаку при истиснување на пената. Пополнете ги споевите до околу 65%, бидејќи пената се шири. Доколку има поголеми споеви, нанесувајте ја пената во повеќе слоеви и лесно навлажнете меѓу секој слој за подобри резултати. Вишокот пена може да се исече откако целосно ќе се стврдне. Неисушената пена може да се отстрани со чистач за ПУР пена 0892160.

Складирање:

Производот се чува на суво место на температура од +5°C до +30°C. Складирањето на места каде што има повисока температура (+ 35°C) го намалува рокот на употреба на производот.

Транспортирајте ги пакувањата во исправена положба.

Технички податоци:

препорачана температура на подлогата и околината за време на употребувањето е +5°C до +30°C (оптимална температура +20°C). Не е леплива после 6-10 минути и може да се сече по период од 30 минути (TM 1005). Овие податоци важат за температура од +23°C и релативна влажност на воздухот од 50%.

Рок на употреба: 15 месеци од датумот на произведување.

  • Каталошки број: 0892155106
Испорака и достава
Ценети потрошувачи! Испораката на вашите нарачки се врши преку нашите дистрибутивни партнери и истата се врши до секое населено место во Република Македонија. ЦЕНАТА ЗА ИСПОРАКА е 150 денари за вкупна нарачка до 2.990 денари, а за нарачките кои ја надминуваат сумата од 2.990 денари, ИСПОРАКАТА Е БЕСПЛАТНА. Доставата на производот се врши во рок од 24-72 часа од нарачката секој работен ден вклучително и сабота, а производот ќе ви биде доставен до претставништвото на карго превозникот, каде е адресирана испораката. Доставата не се врши само во недела и во денови кои се прогласени за неработни (државни и верски празници). Други информации Секоја ваша нарачка пред да биде испорачана е уредно и безбедно спакувана за да не може да дојде до оштетување на истата. Нарачателот е должен да го провери производот веднаш откако ќе му биде доставен и доколку увиди било каков недостаток или оштетување на истиот должен е веднаш да пријави на лицето кое ја доставило пратката. Сите пратки се осигурени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса согласно законот за поштенски услуги. При преземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише испратницата од доставувачот и да задржи еден примерок од истата како потврда за реализираното преземање. Доколку имате потреба од повеќе информации слободно контактирајте не на +38971339154 или на email [email protected] ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИ ВО ПРЕД НАРАЧКА Производите уплатени во пред нарачка ќе бидат испорачани штом бидат достапни на залиха, во период од 50-70 дена од извршената уплата на вашата пред нарачка, на истиот начин како и производите од редовната нарачка.