Иноксни бочви EZIO INOX за вино и ракија
ЗА МАТЕРИЈАЛОТ ИНОКС…
Челик кој не р`ѓосува или корозиски постојан челик е легура од железо и најмалку 10,5 % хром ( модерните нер`ѓосувачки челици содржат и до 30 % хром), за разлика од обичниот челик кој многу брзо оксидира на кислород, доколку не е на некој начин заштитен од корозија.
За челикот да постане некорозирачки (пасивен) потребно е да е исполнет уште еден услов, а тоа е постоење на хомогена монофазна феритна, аустенитна или мартензитна микроструктура, за избегнување на опасноста од настанување подрачја со различен електропотенцијал од потенцијалот на основната маса.
Освен хромот отпорноста на корозија се зголемува до додавање на никел. Со комбинацијата на легирање на хром и никел се развиени челиците од типот 18/8 (18% Cr и 8% Ni) со аустенитна микроструктура која е отпорна на делувањето на киселините.
Челиците кои не`рѓосуваат се развиени помеѓу 1904 и 1915 година.
ИСТОРИЈА НА МАТЕРИЈАЛОТ ИНОКС
Од истражувачите кои учествувале во ова откритие треба да ги издвоиме Leon Guillet, Philip Monartza, Benno Strauss, Eduard Maurer, Harry Brearleya, Elwood Haynes.
Првиот германски патент се појавува во 1912 година, а првиот американски патент во 1915 година.
НЕКОРОЗИВНОСТ
Корозијата претставува разорување на металот или легурата поради нивното делување со надворешните фактори. Условите на меѓусебното делување и својства го одредуваат и типот на корозијата (плинска, атмосферска, подводна, биолошка корозија итн.) Според начинот на разорување на металите постојат следниве облици на корозија: општа, интеркристална итн.
Постојаноста на корозија претставува способност на материјалот да се спротистави на негативните влијанија на корозивните влијанија со помош на успорување на нивното делување.
СВОЈСТВАТА НА ИНОКСОТ…
Својствата на иноксот, w.Nr. 1.4301 се просечни вредности при температура од 20 °C бидејќи зависат од видот и димензиите на (полу) производите и начинот на мерење ( во должина, напречно, тангенцијално). За конкретна вредност треба да се провери нормата која што одговара.
Примена:
Инокс, W.Nr. 1.4301 е отпорен на вода, водена пареа, влажност на воздухот, киселината како и на слаби органски и неоргрански киселини и има многустрани можности за примена, на пр: во прехрамбената индустрија, во производството на пијалоци, млечна индустрија, во фармакологијата и козметичката индустрија, во изработката на хемиски препарати, архитектура, автомобилска индустрија, за кујнски предмети и апарати, санитарни уреди итн.
Инокс, W.Nr. 1.4301 е аустенитен, 18/10 Cr- Ni челик (инокс) отпорен на киселина, кој поради ниското ниво на јаглерод е отпорен и без дополнителна термичка обработка.
Дозволено е користење за температура до 300 °C.
По макотрпната работа, додека стоиш пред полните иноксни бочви, дигни чаша високо и наздрави со мерак!