МТД Градина Блог

Жените во земјоделието…

„Women Who Farm“  ги поддржува оние жени кои се занимаваат со земјоделие и го слави нивниот вложен труд. Во прилог приказната на една земјоделка: „ Започнав да се занимавам со земјоделство кога имав 25 години. Тогаш, ништо и не знаев за обработката на почва. Бев студент кој сака да патува. Првата сезона откако започнав да работам на нива, не ни бев свесна низ каква масивна трансформација сум поминала. Со леснотија копам, сечам дрвја, користам мотокултиватор, корнам плевел, садам и берам… Денес знам како да нахранам многумина.

Van Gogh – Zwei grabende Bäuerinnen auf schneebedecktem Feld Кога им велам на луѓето дека сум земјоделец, многумина се изненадени. Најпрво мислат дека сум израсната на фарма, или пак претпоставуваат дека не сум добра како земјоделка! Ако ги погледнеме денешните стереотипи во областа на градинарството и земјоделието, вообичаено се замислува слика од некој маж кој седи на тракторот или пак маж кој поседува земја и само стои од страна и наредува што да се направи. Кога и да стане збор за земјоделие и одгледување на земјоделски култури, сите вообичаено се вртат кон мојот сопруг. Но вистина е дека на нашата фарма, јас сум земјоделецот и кога тоа ќе им го кажам на луѓето тие се изненадени. Јас сум таа која ги знае периодите кога нешто се сади и јас го следам целокупниот процес. Тоа е нештото кое ми оди од рака. Мојот сопруг е добар со луѓето, тој оди на пазар и е одличен во продавање на производите. А јас сум таа која макотрпно се грижи за наводнувањето и го следи процесот на никнување. Ако некој на пример го праша мојот сопруг кој тип на праз го одгледуваме, тој веднаш ќе се сврти кон мене и очекува јас да одговорам. 😊 Зошто се претпоставува дека земјоделството е машка работа? Тоа е глобално мислење што не ги уважува нашите заложби во областа на земјоделието. Многу жени се соочуваат со екстремно лоши услови како земјоделки. Често пати се недоволно платени или пак воопшто не се платени за работата која што ја вршат, дополнително соочувајќи се со ужасна злоупотреба на вложениот труд. Жените со векови доживуваат експлоатација во аграрниот сектор. Ни претстои долг и трнлив пат до вистинското вреднување на вложениот труд во земјоделството.“  

Во прилог неколку статистики за кои вреди да се размисли:

  • Жените имаат витално значење за руралната економија. Тие се заслужни за 60-80% од вкупното производство на храна во многу земји.
  • Извесни истражувања спроведени од страна на U.N Food and Agriculture Organization покажуваат дека доколку жените би имале ист пристап и права како и мажите во областа на земјоделието, тие би можеле да избават 100-150 милиони луѓе од глад. Дополнително со тоа би се подобрило нивото и квалитетот на исхрана на домаќинствата, би се намалил процентот на семејно насилство, а исто така би се зголемило и учеството на жените во процесот на носење одлуки во домот.

Овие статистики покажуваат дека жените се клучни за решавање на проблемите со кои се соочува денес светот. Доколку имаат признаени права и поседуваат своја обработлива почва жените би имале можност да внесат промени и да помогнат во борбата против гладта, оснажнувајќи како рамноправна единка во општеството.

„Во Р. Македонија околу 77% од руралното население кое се занимава со земјоделство е во категоријата „неплатен труд“. Ова е уште повидливо кај руралните жени, од кои 63% се водат како неактивни. Тие немаат пристап кон едукација, многу малку од нив се вработени, а доколку се вработени добиваат само половина од платата што би ја земал вработен маж во земјоделството. Дополнително, руралната жена е лишена и од правото на имот. Само 5% се сопственици на имот и на земјиште. Во вакви услови, руралната жена не е ни свесна дека има традиционална дискриминација кон неа.“

Сеуште нé чека макотрпен пат кој треба да го изодиме за да постигнеме еднаквост во ова поле. Како и да е, жените отсекогаш биле витален дел од земјоделството и ќе продолжат да придонесуваат кон подобрување на условите и целокупната состојба во земјоделството. Со менување на ставот и односот кон овие жени, со излегување во пресрет на нивните потреби и права, со поддржување и уважување на нивниот труд, придонесуваме за изградбата на еден поубав и во најмала рака поправеден свет. „Ние не сме само жени или пак ќерки на земјоделецот! Ние сме земјоделки и сме проклето добри во тоа!“

Прочитајте повеќе на следниве линкови:

1.Nicole D’Alessandro, (8 April, 2014) www.ecowatch.com/6-initiatives-that-empower-women-in-agriculture-1881886662.html EcoWatch

  1. Daniel Tapper, (7 March 2016) www.independent.co.uk/news/world/international-womens-day-2016-female-farmers-from-peru-to-yorkshire-are-ploughing-new-furrows-a6917606.html Independant

3.Women and Rural Employment. Policy Brief 5. FAO, 2009

  1. Natural Resources. FAO, Economic and Social Development Department
  2. http://www.zelenaberza.com.mk/zelena/zenite-zemjodelki-trpat-tradicionalna-diskriminacija-mnozinstvoto-bez-platen-trudedukacija-i-pravo-na-imot/