Градинарска програма

Залиха
  • На залиха

44001 Стоечка „Surf“ Лулашка

Шифра: 3519

На залиха

Original price was: 1.350 ден.Current price is: 1.080 ден.

44002 Јаже за качување со дискови

Шифра: 3540

На залиха

Original price was: 1.290 ден.Current price is: 1.030 ден.

44003 Скали од јаже

Шифра: 3520

На залиха

Original price was: 1.290 ден.Current price is: 1.030 ден.

44004 Седиште за лулашка

Шифра: 3521

На залиха

Original price was: 1.290 ден.Current price is: 1.030 ден.

44005 Лулашка за мали деца

Шифра: 3522

На залиха

Original price was: 1.590 ден.Current price is: 1.270 ден.

44008 Кружна лулашка „гнездо“

Шифра: 3524

На залиха

Original price was: 2.990 ден.Current price is: 2.390 ден.

44107 Лизгалка 244 cm

Шифра: 5691

На залиха

Original price was: 7.990 ден.Current price is: 6.390 ден.

44120 Шарен сет за лулашка Swing & Glide

Шифра: 3527

На залиха

Original price was: 9.990 ден.Current price is: 5.990 ден.

Широко е прифатено мислењето дека редовните контакти со растенијата, животните и природната средина може да го подобрат нашето физичко здравје и целосната благосостојба.

Зошто градинарската терапија е добра за вас?

  • Почвата е всушност антидепресив
    Докажано е дека почвата го подигнува расположението, односно има сличен ефект врз мозокот како антидепресивите. Една универзитетска студија укажува на тоа како глувците изложени на „пријателски" бактерии, нормално пронајдени во почвата, го смениле своето однесување на сличен начин на оној произведен од антидепресивите.

Д-р Крис Лори, главен автор на трудот, рече: „Овие студии ни помагаат да разбереме како телото комуницира со мозокот и зошто здравиот имунолошки систем е важен за одржување на менталното здравје. Исто така, нè тераат да се замислиме – ДАЛИ МОЖЕБИ БИ ТРЕБАЛО ДА ТРОШИМЕ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ИГРАЈЌИ СИ ВО КАЛТА? " При внимателно набљудување на мозокот на глувците, тимот на истражувачи открил дека лекувањето со бактериите Mycobacterium vaccae активирало група на неврони кои поттикнуваат производство на серотонин, хормон кој го регулира расположението. Градинарите секојдневно ги вдишуваат овие бактерии и имаат редовен физички контакт со нив. Природните ефекти на почвените бактерии може да се почувствуваат до три недели, ако експериментите со стаорци се воопшто некаква релевантна индикација. Микробактериските антидепресивни микроорганизми во почвата исто така се испитуваат за подобрување на когнитивната функција, Кронова болест, па дури и ревматоиден артритис.

  • Нè одржува фокусирани
    Обично многу лесно го губиме фокусот, се концентрираме или на нашите грешки од минатото, или се грижиме за иднината. Ретко кога сме присутни ОВДЕ И СЕГА и ретко кога живееме во МОМЕНТОТ. Ваквото расеано однесување ги покачува нивоата на стрес, што понатаму повлекува сериозна лавина од други состојби. Престојот во градина и занимавање со градинарски активности ни дава нешто на кое сме целосно посветени, нешто што ни го ангажира мозокот, нешто на кое сме фокусирани... и така, не ни останува премногу простор да си ги заморуваме мозоците со нереални проблеми. Гледано од овој аспект, градинарството е добра активност која не штити од анксиозност/депресија, ја подобрува продуктивноста и ја ублажува несоницата. Хилда Бурк, психотерапевт, вели дека градинарството е активност која им помага на многу луѓе да влезат во состојба на „проток" (flow state). Ова значи дека пациентите не забележувaат дека времето брзо им минува, не размислуваат истовремено за други работи, не прават планови и не пробуваат да го преобразат минатото. Како таква, им помага на луѓето да се исклучат од сите други работи и да се префрлат на сегашниот момент. Со други зборови – градинарството нé прави СОСРЕДОТОЧЕНИ. „Она што градинарството го прави уникатно и го издвојува од други активности како што се печење или плетење е тоа што буквално нè поврзува на земјата. Работата со почвата, садењето плодови, трпеливоста, негувањето на нашите садници нуди вредна поука за нашите лични животи."
  • Го подобрува здравјето на мозокот
    Градинарството го вежба вашиот ум, како и вашето тело. При занимавање со градинарство – се активираат голем број мозочни функции, вклучувајќи УЧЕЊЕ, РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ, СЕТИЛНА АКТИВНОСТ, при што нашите мозоци се непрестајно активни. Голем број на студии покажаа придобивки од терапевтските градини за пациенти со деменција и Алцхајмерова болест. Една посебна студија вели дека како придобивки од хортикултурната терапија, меѓу другото се и намалување на болката, подобрување на вниманието, намалување на стресот и намалување на падовите.

Добротворната организација "Thrive" користи градинарство за да им помогне на луѓето со посериозни проблеми со менталното здравје, вклучувајќи ги и војниците кои искусуваат посттрауматски стрес. Нивното неодамнешно истражување со пациентите со рана деменција покажува дека, преку годината, меморијата и концентрацијата на учесниците останува непроменета, но расположението и дружељубивоста се подобруваат. „Колку често се чувствуваме заглавени со нешта со кои не би требало да си ги валкаме рацете? Сепак, со тоа што сме трпеливи, грижливи и негувачки настроени кон себеси, ние (како и градините ги одржуваме) - можеме да расцветаме и бескрајно да растеме!"

А сега оставете сé друго и... ПРАВО ВО ГРАДИНАТА! :)

ЗДРАВИ, СРЕЌНИ И ИСПОЛНЕТИ КОН НОВИ ГРАДИНАРСКИ ПОДВИЗИ!!!