Showing all 10 results
Филтрирајте по брендови
Филтрирајте по цена
Категории
- Градинарска програма
- Сеалки и садилки
- Опрема за одржување градини
- Опрема за наводнување
- Косилки за трева
- Косилките не работат без:
- Тримери за трева
- Аератори-Вертикутери за трева
- Дробилки за гранки и компостери
- За во дворот
- Батериски алатки
- Маици
- Земјоделска програма
- Програма за лозарство
- Програма за домаќинство
- Ладење и греење
- Летна програма
- Зимска програма
- Резервни делови
- За базени
- За електрични дробилки
- За ножици за гранки
- За мотори
- За пили
- За тримери
- За косилки
- Сите делови
- Масла
- За мотокултиватори
- Ножеви - Држачи за ножеви
- Делови за A и D тип на косилка
- Алтернатори
- Тркала
- Филтри за мотокултиватори
- Стартери - Рачки - Полуги за гас
- Карбуратор за мотокултиватор
- Лагери - Семеринзи - Заптивки
- Делови за менувач
- Каиши, ременици и затегнувачи
- Делови за мотор
- Останати делови
- Метални тркала
- Приклучни делови
- За пумпи за преточување и филтри за вино
BKS 40-40 Бензинска пила AL-KO
Шифра:
5604
На залиха
BG 58 PRO Бензинска пила – BEKGER
Шифра:
5266
На залиха
ПРЕДНОСТИ НА БЕНЗИНСКАТА ПИЛА:
👍 ПОГОЛЕМА МОЌНОСТ ⬆
Бензинските моторни пили се конструирани со двотактен мотор, што ги прави далеку помоќни од електричната алтернатива. Поради импресивната моќност, бензинските пили често имаат подолг нож, кој со леснотија ќе собори дебело дрво. Сечилото на бензинската моторна пила може да биде долго 90 см (и повеќе).
👍 ПОГОЛЕМА МОБИЛНОСТ ⬆
Затоа што се машини кои работат на гориво, бензинските моторни пили не треба да бидат вклучени во извор на напојување, што значи – помалку вплеткани кабли позади вас додека работите. Ова ги прави бензиските моторни пили полесни за ракување во некои ситуации од електрични моторни пили.
👍 МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ СО СКОРО СЕКОЈА ЗАДАЧА ⬆
Овие пили се доволно моќни и можат да се фатат во костец со скоро секоја задача во дворот. Обично, секое просечно домаќинство во дворот има дрвја кои не се исклучително големи, односно нивниот раст е сосема соодветен за едно лице да успее да ги собори со моторна пила доколку тоа е потребно. Исто така, гранките и грмушките кои ви го блокираат видикот низ прозорот може многу лесно да се исечат со оваа моќна алатка. Ако како потрошувач решите да набавите бензинска пила, бидете сигурни дека таа ќе ги исполни вашите очекувања и ќе се справи со сите задачи на кои ќе налета.
НЕДОСТАТОЦИ НА БЕНЗИНСКАТА ПИЛА:
👎 СПЕЦИФИЧНИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ЧУВАЊЕ ⬇
Бензинката пила НЕ СМЕЕ да се користи во затворена просторија! Поради штетноста на издувните гасови и опасноста од појава на искри, користењето на бензинската пила бара голема претпазливост! Сигурното и прописно складирање на моторна пила е процес од неколку чекори. Прво, бензинската моторна пила мора целосно да биде изладена пред да се стави футролата на ножот/мачот, како би можело понатаму да се подготви за складирање. Следен чекор (кој е многу важен) е – да се испразни пилата од преостанатите залихи на бензин и масло. Потоа, бензинската пила се остава во исправена положба во свежа просторија со добра вентилација, за да се избегнат несакани испарувања од бензинот и да се избегне некоја несакана искра.
👎 ПОТЕШКОТИИ ПРИ ТОЧЕЊЕ БЕНЗИН, МЕНУВАЊЕ НА СВЕЌИЦИ И СЛ. ⬇
Корисникот мора да има барем основно познавање за моторите со внатрешно согорување кое би било од корист при справување со потешкотиите кои би се јавиле при употреба:
Подготовка на мешавината (гориво + двотактол). Доколу мешавината не е добра – машината може да почне да гуши, односно да биде тешка за стартување, а може да настанат и определени оштетувања на истата.
Менување на свеќица
Чистење на филтерот за воздух
Штелување на ланецот
👎 ПОГОЛЕМА ТЕЖИНА- ПОТЕЖОК СТАРТ
Поединци кои немаат искуство со работа со моторни пили, или оние кои се физички неспремни – може да се најдат затекнати при средба со поголем модел од овој тип. За безбедно и ефикасно ракување со моторна пила, потребна е сила во горниот дел од телото. Запрепастувачка би била првата средба на нов корисник со помоќен модел на некој бензински “ѕвер”.
Изборот помеѓу електрична пила и бензинска пила не мора да биде комплициран процес. Напротив, потрошувачите кои сеуште не можат да одлучат каква пила да купат – треба “да стават на кантар” одредени фактори: која е целта за која ја купуваат пилата, за какви предизвици е наменета, какви се условите и побарувањата за складирање и се разбира сопствените вештини. Со внимателно разгледување на овие опции, потрошувачот може брзо да утврди дали електрична или бензинска моторна пила е вистинскиот одговор за работните обврски во домаќинството.







