МТД Градина Блог

Кајакарство, зошто да не?

Расположен си за нов тип на авантура? Се подготвуваш за да заминеш на одмор покрај некое езеро или река? Кајакарството е одлична активност со која вистински ќе доживееш неповторливи искуства истражувајќи ги природните убавини. Со секој нов потег со веслото постануваш дел од природата и ја чувствуваш хармонијата и мирот кој те обзема.

Набави го твојот кајак и јуриш…

8 ПРИДОБИВКИ ОД КАЈАКАРЕЊЕТО:

  1. Намалување на телесната тежина:

Со само еден час активно веслање би изгубил 400 калории. Кајакарењето претставува одлична физичка вежба.

  1. Зајакнување на мускулите:

Независно кои се твоите фитнес цели и дали воопшто имаш такви  веслањето ги вклучува сите мускули од горниот дел на телото и со редовно повторување на оваа актвиност, резултатите ќе бидат видливи. За еден час во просек се прават околу 1.500 повторени движења.

  1. Го подобрува кардиоваскуларниото здравје:

Наглите, повторувачки движења со веслото претставуваат одлична кардиоваскуларна вежба која има позитивно влијание и на целиот организам.

  1. Го намалува стресот:

Кајакот кој се движи по водата со твојата сопствена сила делува многу мотивирачки, го храни духот и подобрува расположението.

Неколку часови под отворено небо овозможуваат неповторливо уживање во боите на природата. Кајакарењето е едно релаксирачко искуство кое со сигурност го намалува стресот.

  1. Ментално здравје:

Доколку се чувствуваш депресивно, или си под стрес, кајакарењето е еден од начините како да се справиш со сите негативни емоции.

  1. Дружење и забава:

Кајакарењето е супер можност за запознавање на нови луѓе или пак дружба со старите пријатели.

  1. Зголемување на нивото на витамин Д

Изложеноста на сончевите зраци претставува совршен извор на витамин Д кој често и ни недостига. „Сончевиот“ витамин е значаен за коските, а помага и во лекувањето на многубројни заболување.

  1. Ја зголемува самодовербата:

Соочувањето со големи предизвици ја подобрува сликата за самиот себеси. Задоволството од постигнатото придонесува за цврста самодоверба која е значаен аспект од личноста.

Доколку се одлучиш за кајакарење, ти го препрорачуваме гумениот кајак Challenger K2Овој модел има аеродинамична форма и дизајн кој овозможува лесно веслањеСветлата зелена боја и спортските графички елементи го прават овој кајак лесно препознатлив во вода. Одличен е за истражување на езерските води и мирни реки. Компактен и лесен за употреба, со едноставен механизам за надувување и издувување за минута.