МТД Градина Блог

Косење на тревата. Задоволство или мака?

Кога ќе фрлиш поглед на тревникот, каква е глетката? Дали се радуваш и гордееш со постигнатото или пак избираш да не обрнуваш големо внимание на изгледот? Преплавени со мал милион обврски, ретко кој е во состојба вистински да се посвети на одржувањето на тревник, но факт е дека од друга страна пак не постои некој кој не би сакал да поседува совршен тревник. А доколку постои можност тоа да се постигне вложувајќи минимум време, труд и пари, тогаш на нашата среќа ќе и нема крај! 😊 Една од најчестите причини за неубавиот изглед на тревникот е несоодветното и неправилното косење, но добрата вест е дека тоа нешто многу лесно може да се промени! Само треба внимателно да одредиш КОГА и КАКО косиш?

Аргументи ЗА и ПРОТИВ косењето Доколку долго време го избегнуваш косењето, најверојатно тревата би израснала од 10- 60 cm во висина, а тревникот би изгледал запуштено. И нередовното косење е подобро од некосењето, затоа колку и да ти се чини тешка работата, замисли си како го пиеш ладното пиво на убаво искосениот тревник и многу лесно ќе се мотивираш за работата. 😊 Самиот процес на косење и помага на тревата да се згусне и зацврсти, а на тој начин се спречува и појавата на плевел. Косењето е предизвикува стрес на тревата, затоа е потребно да се внимава на кој начин и во кое време ќе се коси тревникот.

НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ПРАВИЛНО КОСЕЊЕ:

  • Пред да започеш со косење, ОТСТРАНИ ГИ КАМЕЊАТА И ДРУГИТЕ ПРЕДМЕТИ кои што би можеле да ја оштетат косилката!
  • ВИСИНА НА КОСЕЊЕ: Избегнувај косење на најниското ниво, затоа што така се ослабнува тревата и станува пречувствителна на надворешните промени (температрни разлики, пестициди, различни болести и оштетувања)
  • ЗАПОМНИ ГО ПРАВИЛОТО НА ЕДНА ТРЕТИНА! Никогаш немој да косиш повеќе од една третина од висината на тревата! На пр: доколку сакаш тревата да биде висока 5 cm, тогаш остави ја да порасне до 7.5 cm, па искоси 2.5 cm и на тој начин ќе се постигне оптималната висина. Постојат различни типови на трева и од видот на тревното семе зависи и одредувањето на препорачливата висина за косење. Видовите трева за студена сезона (ливадарка, житна трева, фестука, зубровка и сл) треба да се косат на висина од 5 до 7.6 cm. За разлика од нив, тревите за топла сезона (зојсија, тепих-трева, троскот и сл.) треба да се косат на висина од 9- 2.6 cm, што изискува косење од еднаш до три пати неделно.
  • Најдобро би било да се започне со косење на тревата на крајот на месец февруари, почетокот на март. До почетокот на месец мај, се препорачува косење на тревата на секои две недели, а потоа еднаш во неделата, но како и да е ВРЕМЕТО ЗА КОСЕЊЕ ОДРЕДИ ГО СПОРЕД ВИСИНАТА НА ТРЕВАТА, А НЕ СПОРЕД КАЛЕНДАРОТ.
  • Добро е ПОНЕКОГАШ ДА СЕ МЕНУВА ПРАВЕЦОТ НА КОСЕЊЕ, така тревата ќе расте правилно и ќе се избегне создавањето на бразди по почвата. Обиди се секогаш да опфаќаш минимум 7.5 cm од веќе искосениот дел, на ваков начин со преклопување, ќе бидеш сигурен дека детално се искосени сите делови од тревникот.
  • НЕМОЈ ДА ЈА КОСИШ ТРЕВАТА НЕПОСРЕДНО ПО НАВОДНУВАЊЕТО! Најдобро е да почекаш 2-3 саати, како би се избегнале оштетувања на тревникот и се разбира и на самата косилка!
  • Пред да започнеш со косење, задолжително провери го ножот на косилкатаОСТРИОТ НОЖ е особено важен за добро обликуван тревник. Во спротивно, тапиот нож само ќе ги поткине врвовите и ќе ја уништи тревата
  • Ако тревникот има остри ќошиња, на првото поминување со косилката, остави ги неискосени. Откако ќе завршиш со косење, острите ќошиња може да ги обликуваш со помош на ТРИМЕР.
  • Користи КОСИЛКА СО КОРПА! На тој начин ќе се спречи нередот од искосените остатоци и во голема мера ќе го забрза самиот процес на косење.

Одржувањето на тревникот е вистинска уметност, разбуди го уметникот во себе и уживај во волшепствата на создаденото дело!