Интересни факти за тревата
Тревите припаѓаат на фамилијата на монокотиледонски растенија познати под научното име Poaceae. Постојат повеќе од 10. 000 различни видови на трева кои варираат во големината од тропски џиновски бамбуси (високи повеќе од 100 м) до едногодишните ливадски треви кои се високи само неколку сантиметри. Различните видови на трева имаат и различна примена и истите се користат и за производство на храна, хартија и сл. Во оваа фамилија спаѓаат и оризот, пченицата, пченката, јачменот, шеќерната трска, бамбусот и уште многу други. Освен естетската функција на тревата, ова растение има многу повеќе функции кои не се гледаат на прв поглед.
- Тревите сочинуваат околу 26 % од вкупниот растителен свет на земјата.
- Според тежината, ливадската трева содржи од 75-80 % вода.
- Убаво одржуваниот тревник може да ја зголеми вредноста на куќата при продажба за околу 20 %.
- Тревниците со производството на кислород го подобруваат квалитетот на воздухот и ја намалуваат застапеноста на прашината. Огромните тревни површини на годишно ниво можат да соберат околу 12 милиони тони прашина и други нечистотии.
- Температурата на воздухот околу имотот обиколен со тревник и дрвја е пониска и до 10 Со
- Џиновскиот бамбус кој достигнува висина и до 100 м е најголемиот претставник од фамилијата Poaceae.
- Тревник од 200 м2 произведува доволно количество на кислород за едно четиричлено семејство.
- Со своите корени тревата спречува ерозија на земјиштето.
- Тревата е „природна салата“ која прехранува илјадници ситни инсекти и други тревопасни животни како еленот, пандата и сл.
- Тревата има исклучително позитивно влијание на климата, воздухот и воопшто на целата околина и секој сопственик на куќа кој има услови може да земе учество во подобрувањето на општата еколошка состојба. Очигледно немаме услови за одгледување на гигантски бамбус или пак некои други специфични типови на трева, нам ни останува само преку одржувањето на сопствениот двор да го подобруваме квалитетот на воздухот, едновремено зголемувајќи ја вредноста на поседуваниот имот. 😊