МТД Градина Блог

Обработка на почвата- императив за квалитетни плодови

Кога станува збор за било каков земјоделски проект, тајната за производство на квалитени култури е во тоа да се има плодна почва. Еден од основните предуслови за плодност на почвата е токму самиот начин на обработка.

ЗОШТО Е НЕОПХОДНА ОБРАБОТКАТА НА ПОЧВАТА?

  1. Со обработка на почвата се овозможува снабдување на истата со кислород и азот
  2. Се овозможува раст и продирање на корењата длабоко во почвата
  3. Се зголемува протокот на вода во порите на почвата
  4. Се намалува појавата на плевел, штетници и болести
  5. Се разложуваат хранливите ѓубрива
  6. Се овозможува активен раст на растенијата

Кога почвата е квалитетно обработена, ќе биде полесно корењата од растението побрзо да се рашират, а воедно да бидат и поздрави. Како резултат на тоа, хранливите материи и водата од почвата полесно се апсорбираат од страна на коренот. Токму тоа е клучниот компонент да се има здрави и напредни растенија. Секако, доколку би се зафатиле тој предизвик да го започнете рачно, со ашов или гребло – ве чека мачна и досадна работа. За поедноставување на целиот тој процес може да користите мотокултиватор или пак на стариот добар, начин со волови. 🙂

Мотокултиваторот е моќна машина која служи за раскопување и ситнење на почвата. Важно е да се избере и да се користи квалитетна фреза, како би се постигнала оптимална текстура на почвата пред да се почне со сеидба. На овој начин, можете да израмните голема површина и да ја иситните почвата која подоцна ќе биде искористена како добра подлога за садење на вашите култури.

КОГА СЕ ФРЕЗИРА ПОЧВАТА?

Според експертите, најдобро е да се фрезира почвата на есен. Велат дека ова годишно време овозможува почвата „да легне“ односно полесно да се адаптира за зимата која надоаѓа. Во тек на зимата, органските материи се разградуваат и делуваат како храна за идните растенија. До пролет, почвата го добива квалитетот потребен за отпочнување на сеидба на вашите култури.

ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ОБРАБОТКА…

Пред да почнете со обработка на почвата – треба да се осигурате дека почвата е релативно сува. Лесен начин да проверите дали почвата е доволно сува е да ја стиснете со рака и ќе видите дали притоа таа лесно се распаѓа.

Важно е да се исчисти горниот слој на почвата од плевел пред да се ора. Ако ја обработувате почвата на есен,не е неопходно да го отстраните плевелот и паднатите лисја од земјата, бидејќи тие за време на студениот и влажен зимски период ќе почнат да се распѓаат и ќе и дадат на почвата доволни количини азот кој е добредојден за културите да дадат изобилен род. Наспроти тоа, доколку решите да фрезирате на пролет – убаво исчистете го горниот слој на почвата, затоа што самиот плевел кој бил иситнет при фрезирањето може повторно да се појави на површината со зголемувањето на температурите.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА

Пред да ја употребите фрезата, задолжително внимателно прочитајте го упатството со инструкции од производителот. Со тоа што ќе го прочитате упатството, ќе се здобиете со важни информации за правилна употреба на машината. Ќе дознаете како за безбедносните ризици кои би можеле да произлезат при неправилна употреба, така и за начинот на одржување на самата машина. Од подеднакво голема важност е користењето на заштитна опрема при работење со фрезата. Поточно, заштитни очила и цврсти чизми би биле од голема корист.

ОБРАБОТКА НА ПОЧВАТА ВО 9 ЧЕКОРИ

1.Започнете со тоа што убаво ќе ја исчистите почвата. Проверете и отстранете било каков отпадок, гранки и камења пред да започнете со фрезирање. Ако планирате да фрезирате веќе постоечка градина, ќе треба да ја отстраните било која дебела вегетација (подебели тревки и грмушки) затоа што истите можат само да се вплеткаат во запците на фрезата и да предизвикаат оштетување на машината. Нема потреба од отстранување на ситни тревки, затоа што машината е доволно моќна истите да ги иситни и уништи. 2.Одлучете која длабочина ви е потребна и подесете ја фрезата на посакуваното ниво. Кога почвата е прилично сува и натапкана, би било пожелно да се започне со плитко фрезирање на горниот слој на почвата. Од друга страна, за помека почва, погодно е подлабоко да се навлезе со фрезата. 3.Наполнете го резервоарот на мотокултиваторот со соодветното гориво4.Потоа започнете со работа. Вклучете ги запците на фрезата. Потоа, полека и сигурно, поминете неколку пати паралелно низ вашиота  градина. Некои производители препорачуваат прави и преклопни премини (во форма на тараба #). Во некои случаи, треба да се следат одредени шеми и модели на фрезирање дадени во упатството, за да се добијат оптимални резултати од фрезирањето со конкретниот модел. 5.Откако веќе еднаш површно ја исфрезиравте посакуваната површина, можете запците од фрезата да ги поставите најдлабоко во почвата и да ја исфрезирате во паралелни линии. Откако ќе ги поминете сите овие фази, фрезата станува полесна за користење. На вас останува само бавно да одите зад фрезата и да ја контролирате насоката. 6.Фрезирајте ја почвата додека не се измеша секоја органска материја со самата почва. За да се постигнат добри резултати, почвата треба да биде исфрезирана до длабочина од минимум 20 сантиметри. Потоа, оставете неколку дена органските материи и ѓубрива да се впијат во почвата, со што самата почва ќе биде збогатена. Потоа продолжете понатаму… 7. Поставете ја фрезата на средна длабочина и оставете простор за аерација на почвата со тоа што неколку пати ќе поминете напред-назад со фрезата. Со ова ќе овозможите подобро мешање на хранливите материи кои и се потребни на почвата. 8. Крајното поминување со фрезата треба да е и најдлабоко. Имајте на ум дека не треба да ја натапкате земјата. На земјата не и треба прекумерно обработување. Напротив, прекумерната обработка доведува само до натапкување на земјата и несакани ефекти.9.Откако ќе завршите со фрезирање задолжително исчистете го мотокултиваторот. Добар начин за одржување на фрезата и продолжување на нејзиниот живот – е темелно да се чистат запците после секоја употреба. Со оваа постапка, ќе се осигурате дека нема заглавена трева или растенија во запците. Со лесно!   Дарко Јанчески