Компостери

♻️ ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ КОМПОСТИРА?
☑️ Компост е еден од најдобрите природни ѓубрива. Додавањето на компост на земјата ја подобрува нејзината плодност и стимулира здрав развој на корените на билките. Органските материи во компостот им даваат храна на микроорганизмите кои ја одржуваат земјата здрава.
🏭 При процесот на гниење на органскиот отпад кој најчесто завршува во депониите се испуштаат штетни гасови како што се метанот и јаглеродниот диоксид, кои се главни виновници за глобалното затоплување и климатските промени.
1️⃣ Процесот на компостирање започнува најпрво со темелното раситнување на дрвцата, сувите прачки, остатоците од искосената трева и сл.