Showing all 9 results
Филтрирајте по брендови
Филтрирајте по цена
Категории
- Градинарска програма
- Сеалки и садилки
- Опрема за одржување градини
- Опрема за наводнување
- Косилки за трева
- Косилките не работат без:
- Тримери за трева
- Аератори-Вертикутери за трева
- Дробилки за гранки и компостери
- За во дворот
- Батериски алатки
- Маици
- Земјоделска програма
- Програма за лозарство
- Програма за домаќинство
- Ладење и греење
- Летна програма
- Зимска програма
- Резервни делови
- За електрични дробилки
- За ножици за гранки
- За базени
- За мотори
- За пили
- За тримери
- За косилки
- Сите делови
- Масла
- За мотокултиватори
- Ножеви - Држачи за ножеви
- Делови за A и D тип на косилка
- Алтернатори
- Тркала
- Филтри за мотокултиватори
- Стартери - Рачки - Полуги за гас
- Карбуратор за мотокултиватор
- Лагери - Семеринзи - Заптивки
- Делови за менувач
- Каиши, ременици и затегнувачи
- Делови за мотор
- Останати делови
- Метални тркала
- Приклучни делови
- За пумпи за преточување и филтри за вино
Дробилки за грозје
“MINIENO 491к Дробилка за јаболки&rdquo е додаден во Вашата кошничка. Погледни кошничка
ARNO 25 INOX Дробилка за грозје
Шифра:
9343
На залиха
Во прилог, неколку интересни факти за тој „божествен пијалок“.
1.Виното како чувар на здравјето
Како што е општо познато, црвеното вино има исклучително позитивно влијание на здравјето и во голема мера го намалува ризикот од срцев удар. Дополнително, истражувањата покажуваат дека мажите и жените кои умерено конзумираат вино имаат значително помали шанси за развивање на дијабетес тип 2.
2. Виното извор на антиоксиданси
За се внесат истото количество на антиоксиданси кои што може да се најдат во виното, треба да испијат 20 чаши јаболков сок или 7 чаши сок од портокал.
3. Жените се вообичаено помалку толерантни од мажите кога станува збор за алкохолот.
Оваа намалена толерантност на алкохол кај жените нема никаква врска со телесната тежина и градба. Доколку маж и жена со иста градба испијат исто количество на вино, концентрацијата на алкохол во крвта кај жената ќе биде поголема, поради недостатокот на потребниот ензим алкохолот многу побрзо се апсорбира во крвта на жените. Оттаму и побрзо ја губат координацијата и умот. Но, од друга страна пак, жените се подобри дегустатори на вино, затоа што имаат способност да идентификуваат поширок спектар на мириси, особено во репродуктивниот период.
4. Верувале или не, навистина постои страв од вино кој се вика енофобија (oenophobia)!
Енофобијата е ментално нарушување кога човек има ирационален, парализирачки страв од вино, кој се манифестира со тремор, респираторни потешкотии или гадење.
5. Таткото на медицината Хипократ (460-370 г.п.н.е) го користел виното како лек.
Хипократ го користел виното како средство за смалување на телесната температура и како антисептик, често давајќи им од овој пијалак на немоќните пациенти за олеснување на болките.
6. Виното е откриено пред околу 6.000 години на Блискиот Исток
Најраните остатоци од вино се откриени во Иран кои датираат од неолиотот (8500-4000 п.н.е). Најстарите докази за одгледување на лозја пронајдени се во Грузија. Се претпоставува дека овој пијалок првобитно настанал ферментирајќи по грешка.
7. Во една од првите збирки на закони-Кодексот на Хамураби има и одредби за виното
Хамурабиевиот законик (1760 г.п.н.е.) содржи одредби според кои лажните продавачи на вино се казнуваат со смрт.
8. За виното кое што го конзумираме денес треба да им се заблагодариме на монасите.
Во Средниот век токму монасите се оние кои ја сочувале и развиле уметноста на производството на вино. Благодарение на нивното истражување и неуморни напори денес ја имаме разработената техника за производство на вино. Шампањот „Дом Перињон“ го има добиено името по монахот Dom Pierre Pérignon (1638-1715) чии што техники и пракса и ден денес се користат.
9. Во Јапонија се продава чоколадо со вино.
„Kit Kat Wine“ содржи 0,12 % алкохол- француско црвено вино во прав во филот, што му дава виолетова нијанса на белото чоколадо. Штета што истото е недостапно кај нас.
10. Бесплатни вински фонтани
Вљубениците во виното можат да уживаат во бесплатната винска фонтана во Абруцо, Италија.
Големото буре кое постојано се дополнува ја прави оваа фонтана привлечно место за починка на секој добронамерен минувач. Бројот на туристи и аџии е огромен, затоа што фонтанта е поставена на патот кој води кон катедралата во која се чуваат моштите на Светиот апостол Тома. Оваа фонтана е инспирирана од една слична фонтана која се вика Камино де Сантијаго во Шпанија.
